Драма во Белград: Маж се заклучил во станот, се заканува дека ќе пука
На улица „Војвода Влаховиќ“ во Србија е вистинска драма.
Имено маж се заклучил во стан и се заканува дека ќе пука, а со него разговара преговарачки тим на МВР на Сбија.
Од полиција потврдиле дека полициски службеник по караица со сопругата се заклучил во станот во една београдска населба.
Сопругата и неговиот син се излезени од станот, а преговарачкиот тим моментално се обидува да воспостави контакт со 42- годишниот маж.
Тој се прекачил од една страна на терасата на друга, а екипите за интервенција се на терен.
Станарите велат дека забележале дека нешто не е во ред откако забележале дека неговата сопруга трчала боса низ зградата.