Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник смета дека е неопходен ветинг во судството, но верува дека мораме да веруваме во капацитетите на државата, но секако дека треба да има координираност и вклученост на странски експерти.
-Најавивме ветинг за сите судии и обвинители без ислучок, а до тогаш ја повикавме ДКСК бидејќи го има правото да направи и отвори постапки за потеклото на имотот на сите судии и обвинители. Одговорност мора да има, но ние како сериозна и одговорна партија мора да внимаваме на ниту еден начин да не се остави впечаток дека се вмешуваме во постапките или во правосудните органи кои треба да бидат независни. Од таа причина мора да се констатира со жалење, дека очигледно некои одвнатре од судските власти, недозволува Груевизмот да биде искоренет целосно, поради таа причина кога збориме за ветинг ќе ни треба можеби и меѓународни експерти кои ќе се вклучат во целосниот процес, секако и експертаската јавност, и ќе внимаваме и ќе побараме поддршка од ЕУ во однос на Академијата за судии и обвинители за да може државата да произведе доволно судии и обвинители кои ќе одговараат на постапките, ги знаеме примерите, и од Албанија и од државите каде што се одвивал ветинг, но и побрзо завршил и не биле доволно консултирани експертите и знаеме дека наидоа со одредени проблеми, пред се граѓаните. Но до тогаш, јавно ја повикуваме ДКСК да поведе постапки и да го преиспита имотот и да бара потекло на имотот за сите судии и обвинители, без исклучоци. Само заеднички како граѓанство, заедно со инстутуциите коишто треба да бидат независни можеме навистина да ја воспоставиме правната држава во нашата држава. Секако, мора да се потенцира, и во судството има чесни луѓе, има луѓе кои професионално си ја вршат работата, но за жал после 11 години режим на ВМРО-ДПМНЕ оставија голем број луѓе коишто работат на штета на правната држава, а се наоѓаат токму инсталирани во судството коешто мора да биде независно, вели Костадинов..