Осум патници се удавија во Пакистан, има и исчезнати

Осум патници загинаа денес, а неколкумина се пријавени како исчезнати кога мал дрвен чамец потона на истокот на Пакистан поради преоптовареност.

Пакистанската полиција соопшти дека чамецот, поради преоптоварување, се навалил на страна, се наполнил со вода и потонал на реката Сутлеј, во близина на градот Дибалпур.

Група од 35 патници, наводно, се враќале од еден погреб, пренесува АП.

Спасени се 10 патници и во тек е потрага по исчезнатите.

Несреќи како овие се чести во Пакистан каде што дрвени чамци често се користат за превоз на стока и луѓе, а повеќето немаат појаси за спасување, пренесува АП.

Треба да знаете
Последни објави