Времето во текот на ноќта и изутринава е претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој во Штип достигнуваше брзина до 40 километри на час.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Попладне облачноста ќе се намали и ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне претежно облачно со повремен дожд. Попладне облачноста ќе се намали и ќе дува слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.