Министерството за финанансии и Фондот за иновации и технолошки развој организираат ФинХакатон 2 чија цел е изготвување иновативна маркетинг стратегија за наградна игра „МојДДВ,#МојаНаграда”.
На презентацијата е најавено обраќање на министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на ФИТР Јован Деспотовски.
ФинХакатон 2: „МојДДВ, #МојаНаграда” е наменет за маркетинг агенции и други домашни компании што може да понудат иновативна маркетинг стратегија.
Со цел поддршка на младите, заинтересираните компании во својот тим ќе треба да вклучат и студенти со запишани студии од областа на економија, право, организациски студии, технички науки, дизајн, односи со јавност или сродни студии.
Наградната игра почнува следниот месец, а учествуваат сите кои скенираат фискални сметки, а наградите се парични.