Џон Војт, Алисон Краус одликувани со национални медали

Оскаровецот Џон Војт, пејачката и музичарка Алисон Краус, и писателот на мистерии Џејмс Патерсон се меѓу уметниците и филантропите кои претседателот Доналд Трамп ги одликува за нивниот придонес во уметноста или хуманистиката.

 

Тие се меѓу првите добитници на престижните национални медали откако Трамп ја презеде функцијата претседател.

Во соопштение за медиуми, Белата куќа во недела вечерта ги објави имињата на четворица добитници на Националниот медал на уметности и четворица добитници на Медал на националните хуманистички науки. Војт е еден од ретките гласни поддржувачи на Трамп во Холивуд, за кого вели дека е „најголемиот претседател на векот.“

Трамп исто така им оддава почест на музичарите на американската војска, кои честопати присуствуваат на забавите и на други слични настани во Белата куќа.

Трамп ќе ги додели медалите за време на церемонија во Белата куќа во четврток.

 

Треба да знаете
Последни објави