Дортмунд во западна Германија за многумина е најпознат како дом на фудбалскиот клуб Борусија, но последниве години е сè попознат и како место каде се поставува најголемата елка на светот, и тоа токму во центарот на градот.
Со своите 45 метри, оваа елка ги надвишува сите згради во околината. А, најзанимливо е тоа што огромното дрво е направено од 1.700 вистински борови кои се одгледуваат посебно баш за оваа прилика.
Елката е поставена на голема метална рамка, има околу 48.000 светилки, а користени се огромни градежни кранови. При самиот врв елката има украсен ангел висок четири метри.
Околу елката повеќе од месец ќе има 300 дрвени штандови и сè тоа заедно го прават тоа еден од најголемите божиќни панаѓури во Германија. Дортмундскиот божиќен панаѓур се одржува од 21 ноември до 30 декември и секоја година привлекува илјадници околни жители, но и туристи кои на отворено уживаат во традиционална германска храна, греено вино, пунч и концерти коишто вообичаено се одржуваат за празниците.