Европската комисија (ЕК) препорача директна набавка на рускиот гас во износ од околу 15 милијарди кубни метри годишно, за Украина да ги намали скапите обратни резерви, изјави за ТАСС извор во институциите на ЕУ близок до трилатерални разговори за гас.
„Европската комисија препорача Киев да се врати на директните набавки на рускиот гас во висина од околу 15 милијарди кубни метри почнувајќи од 2020 година за да ги намали трошоците за обратна набавка на истиот гас“, рече изворот.
Соговорникот објасни дека враќањето на директните набавки ќе го направи поинтересен за Русија системот за транспорт на гас на Украина за пумпање гас кон Европа, како и да ги олесни тарифите за гасот. Украинската страна се обидува да ги надомести дополнителните трошоци направени од Киев поради одбивањето да набави гас директно преку покачување на тарифите за снабдувањето со гас на Русија.
Изворот одби да го коментира барањето на Москва да ги повлече сите меѓусебни побарувања на рускиот „Гаспром“ и украинскиот „Нафтогас“, како и да се откаже од извршувањето на веќе донесените судски решенија.
Европската комисија претходно предложи втората техничка средба на експерти од Русија, Украина и Европската Унија да се одржи на 19 ноември за да се подготви уште една рунда министерски трилатерални консултации за гасот закажана за крајот на ноември. Сепак, ниту една од страните не потврди дека одржала техничка средба.