Фудбалерите на Манчестер јунајтед се соочуваат со предизвикот да ја освојат Лигата на Европа, јавуваат британските медиуми.
Според „Тајмс”, раководството на Манчестер јунајтед смета, не само на билет во Лигата на шампионите благодарение на победата во ЛЕ, туку и на доаѓањето до клупскиот Светски шампионат 2021 година, каде ќе учествуваат 24 екипи.
Осум екипи ќе ја претставуваат Европа – четирите победници во Лигата на шампионите и Лигата на Европа во последните години.
Клубот се надева дека Светскиот куп ќе помогне да се поднесе загубата со не учество во ЛШ оваа сезона. Се очекува новиот турнир да им донесе на учесниците добра заработка.
Клупскиот Светски куп 2021 ќе се одржи во Кина од 17 јуни до 4 јули.