– Над 120 новинари се наоѓаат во затворите во Турција, што е светски рекорд, а ситуацијата во медиумите во земјата не е подобрена ниту од минатата гоина кога беше укината вонредната состојба, соопшти денеска Меѓународниот институт за печат, цитиран од британските медиуми.
По обидот за преврат стотици новинари беа изведени пред суд под обвинение за тероризам, посочува Меѓународниот институт за печат во својот извештај, во кој додава дека бројката на новинари кои се уште се наоѓаат во затвор се намалила од над 160 на сегашните 120.
„Зад овие бројки стојат невидени прекршувања на основните човекови права, десетици новинари се во затвор со месеци, па дури и години, во очекување на судски процес, а во многу од случаите без официјално покренато обвинение”, се наведува во извештајот.