Папата Франциск вечерва тргнува во своја прва посета на Тајланд и Јапонија, азиски будистички земји со мала католичка заедница. По тродневната посета на Тајланд, папата во јапонските градови Нагасаки и Хирошима ќе се спротивстави на употребата на нуклеарна енергија.
САД кон крајот на Втората светска војна во двата града испушти атомски бомби и ги срамни со земјата, а десетици илјади луѓе го загубија животот.
Се очекува папата Франциск да се сретне и со преживеаните во нуклеарната катастрофа во 2011 година во Фукушима, која следеше по силен земјотрес и цунами.
Франциск е втор папа, по Иван Павле Втори, кој ги посетил овие две земји.
Во Тајланд централниот настан ќе биде со кралот Маха Ваџиралонгкорн во Банкок. Папатаза време на посетата на националниот стадион во Банкок, ќе одржи миса.
Неговата прва апостолска посета на Тајланд ќе ја одбележи 350. годишнина од основањето на „Мисијата во Сијам“, а целта му е забрзување на меѓурелигискиот дијалог.
Засега не е познато дали папата ќе ги допре контроверзните теми за сексуалниот туризам и трговијата со луѓе на Тајланд.
Франциск во Рим ќе се врати на 26 ноември.