Бабовски: Продолжен рокот за аплицирање за субвенции за произведено и предадено млеко и за заклани несилки

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информира сите млекопроизводители, дека по барање на фармерите го продолжи рокот за поднесување на барања за директни плаќања за произведено и предадено млеко, за период мај – септември 2019 година.  Дополнителен рок за поднесување на барања  за директни плаќања, имаат и одгледувачите на  амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети во период мај-септември 2019 година. Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, преку соопштение информира дека новиот рок за доставување на барањата е 22- ри ноември 2019 – та година.

Исто така, од денеска може да се поднесуваат и барањата за дополнителни директни плаќања за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет во 2019 година. Рокот за поднесување на барањата за предадено јагне во кланичен капацитет е до 15 – ти  декември 2019 година.

Сите фармери кои ги исполнуваат условите за добивање на финансиска поддршка барањата можат да ги поднесат електронски со помош на компјутер. За да се аплицира, потребно е да се  најават на веб страната на Агенцијата, односно на  www.ipardpa.gov.mk и во полето „Директни плаќања-е барање“ ќе може да се поднесе електронското барање за предадено јагне,  за произведено и предадено млеко или за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети во период мај-септември 2019 година. Сите фармери, кои имаат проблем сами да креираат односно да поднесат електонско барање, може да побараат  помош во подрачните единици на Mинистерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави