Велосипедист бил тешко повреден во една од вкупно 11 сообраќајни незгоди случени во текот на вчерашниот ден. Во пет сообраќајки со полесни повредни се здобиле пет лица, а во пет била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала еден возач кој се движел со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила еден возач кој го управувал возилото под дејство на алкохол и шест возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило, како и две нерегистрирани возила.
Санкционирани биле и двајца возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи за не носење сигурносен појас, како и еден возач кој користел мобилен телефон за време на управување на моторно возило.
Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин.
Затекнати биле 46 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак”, отстранети биле 61 возило.