Во Австрија прогласена највисока опасност од лавини

Обилните дождови и снегот создаваат проблеми во Австрија. Најлошо е во Јужен Тирол и Корушка. Во долините, обилните дождови предизвикаа излевање на реките и езерата, а евакуирани се жителите во најзагрозените области, пренесува „Дневник.хр“

Во планинските делови, обилниот снег отсекол неколку села, нема струја, а телефонските врски се прекинати. Прогласена е и највисока опасност од лавини.

Треба да знаете
Последни објави