Адвокатот Сашо Дуковски, бранител на Бојан Јовановски на прес конференција побара неговиот клиент итно да биде хоспитализиран и дека живото му е во опасност. Тој најави кривични пријави за сурово и нечовечко однесување кон Боки 13 на кому му биле укратени уставните права на лекување.
Како што истакна Дуковски, Јовановски мокри крв и има крвава столица и не може самостојно да се движи. рече адвокатот Дуковски. Од 15 јули кога бил уапсен и притворен Боки 13 бил 30 пати однесен во болница поради компликации со здравствената состојба. Вина, како што рече, немаат судот и затворот, туку затворскиот лекар кој не ги почитувал напатствијата на клиниката и болницата.
„Здравствената состојба на Јовановски е животнозагрозувачка. Предупредувам на можни сериозни последици од ваквото однесување на судските и медицинските органи. Бојан Јовановски има неколку сериозни болести, а особено сериозни се последиците од лекарската грешка по извршената операција подврзување, намалување на желудникот. Таа операција е неуспешно изведена два пати, а последиците Јовановски ги чувствува сега. На 2 октомври имавме медицинска препорака за санирање на оваа здравствена состојба, дека е неопходна негова хоспитализација на клиника. Затворскиот лекар од затворот Шутка тоа не го дозволува, иако лекарите од клиниките бараат хоспитализација. На 14 октомври добиваме нови извештаи од болницата „8 Септември“ и од една универзитетска клиника во Скопје во кои е констатирано дека Јовановски има еден нефункционален бубрег, задебелување. Бојан добива антибиотска терапија, која мора да биде извршена во клинички услови, но тоа не се прави, рече Дуковски.
Според него, на 3 ноември Јовановски повторно се упатува на преглед во „8 Септември“ од каде имало сериозно предупредување до затворските службеници за тоа дека мора да почне антибиотска терапија.
https://www.facebook.com/a1onmk/videos/415985982684247/?t=0
-Конечно на 5 ноември тоа почна да се спроведува. Но, судските органи упорно одбиваат да издадат решение за хоспитализирање на Јовановски. Ова се сериозни прекршоци на основните човекови права, изјави Дуковски.
Тој рече дека не бараат милост бидејќи Јовановски е граѓанин и како и сите други, заслужува нега.
-Не е ова инквизиција. Не е ова 15 век, туку ова е модерна кривична постапка. Јовановски бил омаловажуван поради неговата сексуална ориентација и тоа од медицинари. Тој можел да ги чуекако велат, што ако умре, нека умре педерот. Каде е ЛГБТ заедницата? Каде се невладините организации?, праша адвокатот.
Тој рече дека не може да ја гради одбраната за неговиот клиент затоа што постојано разговараат за неговата здравствена состојба и размислувал да му го откаже полномоштвото.
За Боки 13 немало место за хоспитализација на Клиниката за торакална хирургија.
Дуковски рече дека Боки 13 повраќал и колабирал пред обвинителката Вилма Русковска, но и покрај тоа, таа дала негативно мислење за поблага мерка за неговиот клиент.