Општина Аеродром и ЈП „Комунална хигиена“ со тешка механизација ја расчистуваат огромната дива депонија создадена кај стадионот во Горно Лисиче. Акцијата ќе трае неколку дена и притоа се предвидува да бидат собрани околу 1 500 м3 отпад, соопшти општината Аеродром.
Градоначалникот Марин и Општина Аеродром апелираат до граѓаните совесно и правилно да го фрлаат отпадот, со цел да се спречи создавање нови диви депонии.
Оттаму најавуваат дека во наредниот период ќе се засили инспекцискиот надзор, како и казнувањето за фрлање отпад, палење пластика, железо и слично.