Темелковски изврши увид во градежните зафати за санација на патот кој води кон населеното место Теферич

Денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски заедно со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ изврши увид во градежните зафати за санација на патот кој води кон населеното место Теферич. Во моментов, Општина Кисела Вода го санира свлечиштето на патот во должина од 200 метри. Реконструкцијата ќе се одвива до средината на декември.

Локалната самоуправа замолува за трпение и разбирање додека се одвиваат градежните работи.

Треба да знаете
Последни објави