Тројца припадници на иранските безбедносни сили се убиени со ладно оружје од заседа што ја поставиле демонстрантите, јавија денеска двете ирански новински агенции ИСНА и ФАРС.
Во Техеран поради протестите распоредени се припадници на специјалните единици, а исто така и водени топови.
Според официјални податоци од почетокот на немирите поради зголемување на цената на горивото загинаа пет лица.