Понудата на Русија да го продолжи актуелниот или да склучи нов едногодишен договор за транзит на гас преку Украина е неприфатлива, изјави украинскиот министер за енергетика Алексеј Орозел.
-Примениот предлог е неприфатлив за Украина, со оглед на фактот дека треба да се откаже од арбитражата и да го потпише договорот само за една година, рече тој за Украинската телевизија.
Руската нафтена компанија „Гаспром” вчера соопшти дека испратила официјално писмо до Украина во кое се предлага да се продолжи сегашниот договор или да се потпише нов едногодишен, како и да се отфрлат правните побарувања и контра-тужбите од Русија и од Украина како предуслов за договорот.