Предводени од Јанис Адетокунбо, тимот на кошаркарскиот НБА-лигаш Милвоки ноќеска забележа победа на гостувањето кај Чикаго со 115:101. Гркот средбата во „Јунајтед центар” ја заврши со 33 поени и 10 скока. За Милвоки ова е 10.победа од почетокот на сезоната во НБА-лигата, додека Чикаго го претрпи десеттиот пораз.
Словенецот Лука Дончиќ блесна пред очите на големиот Грег Поповиќ и оствари рекордно достигнување во победата на Далас против Сан Антонио (117-110). Со 42 поени, плејмејкерот на Маверикси стигна до рекорд во кариерата во НБА лигата, а додаде 12 асистенции и 11 скока за да го запише шестиот „трипл-дабл“ во сезоната.
Резултати на НБА натпреварите одиграни ноќта меѓу понеделник и вторник:
Њујорк – Кливленд 123:105
Бруклин – Индијана 86:115
Торонто – Шарлот 132:96
Чикаго – Милвоки 101:115
Хјустон – Портланд 132:108
Далас – Сан Антонио 117:110
Феникс – Бостон 85:99
Јута – Минесота 102:112
ЛА клиперс – Оклахома 90:88.
Во Западната конференција води ЛА лејкерс со 11-2 (победи-порази), пред Хјустон кој има 11-3.
Лидер на Исток е Бостон со 11-2, пред Милвоки кој има биланс 10-3.