Премиерот Зоран Заев на вечерашното гостување на МРТ нагласи дека верува во ефикасни судски процеси каде ќе се утврди вината и одговорност да си сноси осомниченото или обвинетото лице. Според него, потребно е да има одлука без разлика каква и да е. Рече дека не го обвинува само судството, туку и обвинителството.
– До ден денеска се прашувам како тоа Груевски е ставен по тој член за да делото брзо застаре, а другите не, кога сите ги слушавме бомбите кој тоа го организира. Јас не знам дали тука е судот или обвинителството и затоа зборувам за правосудството, рече Заев.
Смета дека треба да има ветинг и за политичарите, и во Министерството за внатрешни работи и во судството.