Судот на Босна и Херцеговина, по жалба на Oбвинителството, ги зголеми затворските казни за тероризам на двајца државјани на таа земја, Максим Божиќ и Един Хастор.
Првично осуден на четири години затвор, на Божиќ сега казната му е зголемена на шест години.
Според „Кликс.ба“, казната за Хастор е зголемена од две на три години.
Судот на БиХ ги прогласи Божиќ и Хастор за виновни за планирање терористички напад во Источно Сараево и во Тузла.