Израелската војска соопшти дека денеска пресретнала четири ракети испукани од Сирија, поради што се огласиле сирени, а набрзо потоа одекнале експлозии и во Дамск.
Во соопштението се вели дека не е направена штета врз израелските заедници на Голанската висорамнина, откако сирените ги разбудиле жителите во раните утрински часови.
Засега нема официјален коментар од Сирија, но државната агенција „Сана“ објави дека се слушнале експлозии кај меѓународниот аеродром во близина на главниот град Дамаск.
Израелската војска не ги коментираше експлозиите во Сирија, но израелскиот министер за одбрана, Нафтали Бенет, свика состанок на воениот врв во Тел Авив.
Министерот за надворешни работи, Израел Кац, за военото радио изјави дека Израел ќе одговори на соодветен начин.