Претседателот на „Алтернатива”, Африм Гаши, придружуван од Генералниот Секретар, Скендер Реџепи, денес оствари средба со францускиот амбасадор во земјава, г. Кристијан Тимоние. На средбата се разговараше за политичката состојба во земјата, предвремените парламентарни избори на 12 април и конструктивната улога на француската држава во евроатлантскиот пат на Република Северна Македонија. Исто така беше разговарано и за реформските процеси на Европската Унија и поширувањето на ЕУ со земјите на Западен Балкан.
Францускиот амбасадор, г. Тимоние, му се заблагодари на претседателот Гаши за конструктивната улога на Алтернатива во евроатлантските процеси на земјата. На крај двете страни се соогласија вакви пријателски средби да се одржат и во иднина.