Поп-кралицата Мадона (61) во моментов е на нејзината турнеја наречена „Мадам Х“, која предизвикува големо внимание не само поради ненадејното соборување на рекордот во цената на билетот туку и поради начинот на кој Мадона привлекува внимание.
Овој пат, таа објави видео на „Инстаграм“ на кое се гледа како закрепнува по исцрпувачкиот концерт. Во заднина се слуша рап-музика, додека Мадона скока и боксува со својот тренер, а потоа влегува во када полна со мраз.
Она што ги згрози нејзините следбеници, барем повеќето, е фактот дека на крајот од видеото, Мадона пие шолја течност која наводно е нејзината урина.
Како што рече таа – најдобро е да ја пиете откако ќе излезете од студената вода.
„Дали ќе започнеме нов предизвик со ледена бања? Најдобриот третман за повреди“, напиша Мадона во описот на објавата.