Едно 5-годишно момче донело кесичка кокаин во училиште и рекло дека се чувствувало како „Спајдермен“ поради тоа, пренесува LADbible.
Инцидентот се случил минатата недела во основното училиште Лоренс во Масачусетс.
Учителката веднаш го известила директорот кој ја контактирал полицијата. Поручникот Џим Алберт изјавил дека момчето ѝ ја покажало кесичката на учителката и рекло дека поради неа се чувствува како популарниот суперхерој на Марвел.
Детето било однесено во болница, но полицијата верува дека тој никогаш не консумирал забранета супстанција.
Потоа полицијата отишла во домот на момчето каде што го нашле неговиот татко, Бен Гарсија. Мажот наводно имал 40 кесички кокаин и 70 кесички хероин на имотот.
Поручникот Алберт објаснува дека потерница за апсење на Гарсија била издадена порано поради обвиненија за наркотични средства. Поради инцидентот во училиштето, списокот на обвиненија ќе се зголеми.
Во домот имало и бебе, кое заедно со момчето било преземено од социјалните служби. Гарсија ќе остане во притвор до сослушувањето следната недела.