Поранешниот американски маринец Пол Велан, кој во Русија е осомничен за шпионажа, останува во притвор, одлучи денека судот во Москва откако ја отфрли неговата жалба, продолжувајќи му го притворот до крајот на декември, пренесуваат руските медиуми.
Велан, кој има американско, британско, канадско и ирско државјанство, беше уапсен во декември минатата година и обвинет за шпионажа, пренесуваат британските медиуми.
Москва тврди дека тој бил уапсен на дело, но тој ги негира овнинувањата тврдејќи дека тие се политички мотивирани.