Изградбата на ООУ „Димитар Македонски” во општина Аеродром продолжува со средства од буџетот планирани за 2020 и 2021 година. Јавната набавка ќе чини над 950 илјади евра.
Владата денеска на седница даде согласност за превземање обврски во програмите опфатени со развојниот дел од буџетот, за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства во наредните 2020 и 2021 година.
Министерството за образование и наука треба да ја отпочне постапката за јавна набавка за склучување на повеќегодишен договор за продолжување со изградба на училиштето во вкупна вредност од 58.788.000,00 денари.