Уредба за начинот на доделување договори за набавки на Владата со влади на странски држави, којашто ќе се применува за набавки кои ќе се интензивираат со зачленувањето на државава во НАТО е усвоена денеска на седница на Владата.
-Уредбата се изготвуваше во тесна соработка со Министерството за одбрана на Република Северна Македонија, а нејзиното донесување е неопходно од причина што уредува материја која не подлежи на примена на процедуралните правила утврдени во Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, а станува збор за набавки кои ќе се интензивираат со пристапувањето на Република Северна Македонија во НАТО, соопшти владината прес-служба.