На маргините на Самитот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, утре ќе одржат средба Никола Димитров и Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштуваат од грчкото МНР, министерот за надворешни работи на Грција, утре ќе учествува на состанокот на кој фокусот ќе биде ставен на подготовките за НАТО Самитот на 3 и 4 декември, а ќе оствари средби и со неговите колеги од Северна Македонија и Исланд.