Шведското обвинителство ја отфрли истрагата поради обвинение за силување против основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, покренато уште во 2010 година.
Асанж, кој го негира обвинението, ја избегнува екстрадицијата во Шведска седум години, откако во 2012 година побара прибежиште во еквадорската амбасада во Лондон.
Четириесет и осумгодишниот Австралиец во април беше осуден на 50 недели затвор, поради кршење на условите за кауција. Тој моментално се наоѓа во затворот Белмарш во Лондон.
„Заменик директорот на јавниот обвинител, Ева Мари Персон денеска одлучи да ја прекине истрагата во врска со Џулијан Асанж. Причината за оваа одлука е тоа што доказите се значително ослабени поради долго време кое помина од настаните кои се во прашање“ се наведува во соопштението на шведското обвинителство.
Обвинителите соопштиле дека одлуката е донесена откако биле сослушани седум сведоци во случајот.