Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, побара од Военоразузнавачката агенција да испита можна афера за шпионажа во која руски шпиони регрутираат српски агенти, изјави српскиот премиер Ана Брнабиќ.
„Зборував со претседателот Александар Вучиќ. Тој даде наредба на Воената разузнавачка агенција да го испита случајот. Ние ги немаме сите податоци. Ако се испостави дека се е точно, тогаш тоа ќе биде сериозно прашање и проблем за нас”, изјави Брнабиќ за Блиц.
Таа додаде дека Вучиќ свикал состанок во својство на врховен командант на српските вооружени сили, на кој ќе ги извести за резултатите од истрагата.
Блиц објави дека рускиот дипломат и воен разузнавач Георги Клебан бил актерот во видеото во кое се гледа како му дава пари на наводно висок по ранг српски функционер.
Видеото е објавено на Јутјуб на 17 ноември, неговата автентичност е потврдена за „Блиц” и е потврдена од истражниот новинар Христо Грозев на неговиот профил на Твитер.