Американскиот специјален претставник за Северна Кореја Стивен Биган денеска изјави дека прозорецот за преговори со Пјонгјанг за нуклеарната програма сè уште Е отворен, но треба да се искористи моментот.
Во своето обраќање пред Комитетот за надворешни работи во Сенатот, Биган упати личен апел до првиот потпретседател за надворешни работи на Северна Кореја Чо Сон Хуи да се вклучи во преговорите на смислен начин.
Биган рече дека нема конкретни докази оти Северна Кореја донела одлука да се откаже од нуклеарното оружје, но сепак верува дека Пјонгјанг може да го стори тоа.
Тој од август ги предводи американските обиди да се убеди Северна Кореја да се денуклеаризира, но досега со мал успех, потсетуваат американските медиуми.