Дефанзивецот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих ги прокоментира гласините дека поранешниот менаџер на Тотенхем, Маурусио Почетино може да ги преземе Баварците.
Аргентинецот беше отпуштен синоќа поради лошите резултати во последно време и беше заменет со Жозе Мурињо.
– Не знам дали е кандидат. Единствено што може да се каже за него е тоа дека го задржа Тотенхем на високо ниво во последните години. Но, не знам дали тој е можна опција за нас, изјави Кимих за „Спорт Билд”.