Актуелниот англиски фудбалски шампион Манчестер сити има намера да ги подобри условите во договорот со 24-годишниот репрезентативец од своите редови Рахим Стерлинг, кој пред само една година потпиша верност со „граѓаните” за неделна плата од 300.000 фунти.
Според „Дејли меил”, клубот веќе започнал преговори со Стерлинг за продолжување на договорот, пресметан до летото 2023 година. Ова се должи на големиот интерес што го покажуваат Реал Мадрид и Барселона кон играчот.
Новиот договор би требало да го направи Стерлинг еден од најплатените играчи во Англија.
Стерлинг на 17 одиграни натпревари за Сити оваа сезона постигна 14 голови и забележа пет асистенции.