Отворен ден во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска го посетија ученици од ООУ „Климент Охридски” од Делчево.

Учениците имаа можност да се сретнат и лично да поразговараат со претседателот Пендаровски, директно од него да се информираат за неговите надлежности, да ги посетат просториите во коишто се реализираат официјалните и работните средби, како и салите во коишто се организираат свечености, состаноци, настани и прес-конференции.

Посетителите се сретнаа и со дел од вработените во Кабинетот, и беа запознаени со историјатот на Вила Водно, со дел од активностите коишто се одвиваат, како и со начинот на функционирање на оваа институција.

Денешната посета на учениците е дел од проектот Лице в лице со Претседателот, со кој се реализираат директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски. Сите заинтересирани граѓани, институции и организации, со претходно пријавување на официјалната интернет страница на Претседателот http://pretsedatel.mk/?page_id=3016 имаат можност да остварат директна комуникација со претседателот Пендаровски, да споделат свои идеи, предлози и сугестии, како и да присуствуваат на настани од јавен карактер, коишто ќе бидат реализирани во Кабинетот.

Треба да знаете
Последни објави