– Новиот менаџер на Тотенхем, Жозе Мурињо ќе добие скоро двојно повеќе плата од неговиот претходник Маурисио Почетино, пишува „Дејли Мејл”.
Според информациите, Португалецот ќе заработува 15 милиони фунти годишно во Тотенхем.
Од клубот, пак се надеваат дека Мурињо ќе донесе значаен број на трофеи.
Тој претходно ги водеше Челзи и Манчестер јунајтед во Премиер лигата.