Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска и утре ќе учествува на состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО на кој ќе се разгледуваат прашања околу споделување на трошоците и колективната безбедност.
-Државниот секретар ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, а во пресрет на самитот на алијансата во декември во Лондон. На состанокот ќе се дискутира за важни прашања како споделување на трошоците и колективната безбедност, се вели во соопштение од Стејт департментот.
Исто така, ќе се дискутира и за соработката меѓу земјите членки на НАТО околу безбедносните предизвици и закани како тероризмот и енергетската безбедност.