Српската Безбедносно-информативна агенција (БИА) ја потврди автентичноста на снимките каде рускиот разузнавач, Георгиј Клебан, му дава пари на еден, наводно српски офицер.
„Видеото е дефинитивно автентично и во него недвосмислено се наоѓа рускиот разузнавач Георгиј Клебан“, изјавиле за „Танјуг“ од БИА.
Шефот на Управата за аналитика на БИА, изјавил дека е недвосмислено утврдено оти на видеото е руски разузнавач.
На прашањето дали српскиот агент на снимката е припадник на БИА или ВБА (Воено-безбедносната агенција) или некоја друга институција, тој посочи дека во овој момент не би сакал да ја шири приказната со повеќе детали.
Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно денеска побара од надлежните служби да ја испитаат можната шпионска афера.