Заменичката на првиот човек на севернокроејската дипломатија, Чое Сун- Хуи, денеска изјави дека Вашингтон мора да се откаже од „непријателската политика” кон Пјонгјанг, за да може да се обноват преговорите за денуклеаризација на Корејскиот полуостров.
По завршувањето на состанокот со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров таа кажа дека е невозможно да се оддржи уште еден самит меѓу лидерите на Северна Кореја и САД, Ким Џонг-ун и Доналд Трамп, „ доколку тој ја задржи непријателската политика”, пренесоа јужнокројеските медиуми.
Таа не прецизираше што подразбира под оваа констатација, но севернокорејското Министерство за надворешни работи во неделата неодамнешната резолиција на ОН за човекови права за оваа земја ја нарече „политичка провокација предводена од САД”, потсетуваат британските медиуми.