Интегрален текст од прес конференција на Наум Стоилковски, Ппортпарол на ВМРО-ДПМНЕ
„Нема власт предводена од СДСМ, а да не ги скрати пензиите.
Уште кога беше најавен и воведен новиот начин за пресметка на пензиите, укажавме дека тоа ќе биде сериозен удар врз достоинството на пензионерите. Односно, ги турка во сиромаштија. И секако сега предизборно, власта, Зоран Заев, во улога на трговец зборува за повисоки пензии, а всушност скратил половина од парите кои им следеа на пензионерите.
Пензиите не само што не растат, туку и се на ниво само за задоволување на најосновните потреби. Во играта со парите на Заев, наместо пензионерите да земат 1100 денари во просек повисоки пензии, тој сега им нуди 700. А ако тие 400 денари се помножат со бројката од 300.000 пензионери, се добива колку всушност Заев им одзема на пензионерите, односно 120 милиони денари или над 2 милиони евра месечно. Тоа се 24 милиони евра годишно. Толку Зоран Заев И Мила Царовска им земаат на пензионерите.
Реагиравме и укажувавме дека не треба да се менува системот за пресметка на растот на пензиите, дека тој мора да биде и врз покачените трошоци за живот, но и врз растот на просечната плата. Реалното кратење на пензиите кое го чувствуваат и пензионерите на кои секој денар им е драгоцен, се докажува со Анализата за растот на пензиите во периодот од 2010-тата до 2017-тата, раст со методологија пред да биде сменета, и периодот 2017-тата до 2019-тата, односно со сменетата методологија.
Во периодот кога пензиите се пресметуваа и според растот на платите и според растот на трошоците за живот, пензиите пораснале за 35%, односно од 10.273 денари достигна до 13.879 денари. Односно месечен раст од 0,4% месечно.
Во периодот кога СДСМ, Царовска и Заев ја сменија методологијата, растот на пензиите од овие 13.879 денари достигнува до 14.572 денари, за нецели 5%. Односно раст од 0,18% месечно. Значи наместо 0,4% има раст од 0,18% месечно! Значи, Заев и Царовска на пензионерите им скратија половина од растот на пензиите, односно повеќе од 2,2% месечно. Врз ова, дополнително беше укинат и растот од 5% годишно што беше случај во 2014, а следеа 2015 и 2016 година, а СДСМ во 2017 година го укина.
Почитувани,
Пензионерите знаат дека се жртва на неуспехот и измамите од Зоран Заев. Пензионерите не веруваат во ниските страсти и измамите со кои Зоран Заев го крати она што им припаѓа на пензионерите, а потоа ги лаже дека пензиите им растат. Зоран Заев е во паника, знае дека ќе ги изгуби изборите. Неговиот обид во пресрет на избори за манипулација нема да му помине кај пензионерите.
Доаѓа ново време, доаѓа период на промени и обнова. Доаѓа бовата влада на ВМРО ДПМНЕ ќе го почитува зголемувањето на пензиите кое треба да го следи покачувањето на трошоците за живот, просечната плата и куповната моќ на општеството односно пресметка на пензиите онака како што беше во периодот до 2017-тата година.
Пензионерите заслужуваат чесен и искрен пристап, за мирен и достоинствен живот, кон достоинствена и чесна обнова на Македонија.“