Вечерва на Канал 5ТВ гостуваат актуелниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов и ексградоначалникот Коце Трајановски.
Шилегов на ТВ-дуелот изјави, кога го добив мандатот за градоначалник Јавното претпријатие ,,Улици и патишта” имаше две неисплатени плати во континуитет, имаше над 96 милиони денари долг. Во моментов сите плати на вработени се исплатени и долгот на ,,Улици и патишта” во моментов е испод 40 милиони денари. При тоа ,,Фаповите” што ни ги оставивте тие возила се постари од 40 50 години се заменети. Во Јавното претпријатие имаше само два камиони нови купени за 8 години, му се обрати Шилегов на Трајановски