Ватикан денеска изрази загриженост дека „неодамнешните одлуки” можат да ја нарушат регионаната стабилност на Блискиот исток.
Ватикан во соопштението не го наведува посебно американскиот заклучок дека еврејските населби на Западниот брег не го прекршуваат меѓународото право, но се чини дека јасно станува збор токму за тоа кога зорува за „неодамнешни одлуки кои ризикуваат дополнително да го поткопаат израелско-палестинскиот мировен процес и онака кревката регионална стабилност на Блискииот исток”, пренесуваат американските медиуми.
Ватикан ја повтори својата поддршка за решението „две држави за двата народа”, како единствен начин да се постигне целосното решение на овој долгогодишен судир.
Оттаму се наведува дека го поддржуваат правото на Израел да живее во мир и безбедност во рамките на внатрешните граници кои ги призна меѓународната заедница и дека го поддржува истото право што му припаѓа и на палестинскиот народ, а кое мора да се признае, почитува и спроведува.