Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски во вечерашното гостување на Канал 5 се огради од проектот „Скопје 2014“ и рече дека тоа не било проект на локалната, туку на централната власт.
-Скопје 2014 е проект е на централната власт. Град Скопје за што давал дозволи за Скопје 2014? За фасадите да, ама за спомениците не. Ние како Град Скопје не сме поставувале споменици. Мислам дека Ќосето не требаше да се тргне, тоа беше повеќе маркетинг. Градот Скопје уште во времето на СДСМ има донесено програма за поставување на споменици, и за Александар Македонски и за други, рече Трајановски.