Португалскиот фудбалски стручњак, Жозе Мурињо е назначен за нов главен тренер на Тотенхем, објавено е на официјалната веб-страница на англискиот клуб.
Договорот со 56-годишниот Мурињо има важност до крајот на сезоната 2022/23.
Португалецот на клупата на „спарс” го наследува Маурицио Покетино кој вчеравечер доби отказ.
Смената на тренерското место во премиерлигашот од Лондон доаѓа по најслабиот почеток на сезоната во последните 11 години.
Последната работа на Мурињо му беше во Манчестер јунајтед пред една година. Претходно во Премиер лигата го предводеше Челси во два наврата, од 2004 до 2007 година и од 2013 до 2015 година.