Во Босна и Херцеговина од почетокот на 2018 година влегле од 60.000 нелегални мигранти влегле во земјата, а поголемиот број од нив успеале да го продолжат своето патување кон западноевропските земји, објави „Дневни аваз”.
Шефот на Кабинетот за надворешни работи на БиХ, Слободан Ујиќ, за весникот изјави дека полициските агенции биле во можност да регистрираат 52.000 нелегални мигранти кои влегле во земјата од Србија и од Црна Гора. Тој додаде дека за 15 проценти е поголема бројката на нелегални мигранти кои влегле во БиХ, но не биле регистрирани од безбедносните служби.
Сe уште има стотици илегални мигранти кои секој ден кои ги преминуваат порозните источни граници на БиХ.
Според безбедносните агенции, утврдено е и дека и покрај мерките преземени од хрватската полиција, 45.000 нелегални мигранти биле во можност да ја напуштат БиХ и да го продолжат своето патување во земјите на ЕУ.