На регионалниот пат Куманово-Скопје, кај село Никуштак, вчера во 16.20 часот патничко моторно возило „пежо”, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(56) од Куманово, удрило во пешакот Е.И.(80) од Куманово.
Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.