Репрезентацијата на Велс ја победи Унгарија со 2:0 и на тој начин го потврди својот пласман на Европското првенство следната година.
Арон Ремзи беше расположен вечерва и ги постигна двата гола за домаќините, со што Велс го совлада директниот ривал за посакуваното место на европскиот шампионат. Словачка со истиот резултат го победи Азербејџан, но тоа беше доволно само за третото место во групата.
Белгија со убедливи 6:1 го совлада Кипар и и се приклучи на Италија како уште една репрезентација со максимален учинок во групната фаза. Бентеке и Де Брујне постигнале по два гола, еден реализирал Караско, а Кипар додал и автогол на контото на противникот.
Шест голови постигна и Германија, од кои три беа дело на Гнабри, против Северна Ирска во идентична победа од 6:1, а слично убедлива беше и Холандија која со 5:0 славеше над Естонија.