Oдлуката на апелација за укинување на мерката притвор и замена со куќен притвор и мерки на претпазливост е сосема законска и целосно оправдана, вели во изјава за „360 Степени“, Ирена Фрчкоска, адвокатка на Катица Јанева.
За реакцијата на обвинителката Вилма Русковска, адвокатката Фрчкоска вели:
-Мораме да кажеме дека сме зачудени од тоа. Имено, обвинителството е странка во постапката и секоја ваква реакција се смета за притисок врз судот и неговите одлуки. Ова е непримерно и го поткопува принципот на владеење на правото. Од друга страна, не зачудува ваквата реакција на одлуката за Јанева, ако се знае дека истото тоа обвинителство даде согласност за определување на мерка куќен притвор за Зоран Милевски пред речиси два месеца, од нејасни и непознати причини, вели Фрчкоска.