Кијану Ривс годинава е многу актуелен. Повторно се зборува за Матрикс. Сите ги цитираат неговите мудрости, со коментари дека е цар. Го гледаме како прегрнува девојки. А конечно на црвениот тепих ја претстави и Александра, која му го освои срцето.
Тој доби улога во која се појавува како „мудра морска трева“ во новиот филм за сунѓерот Боб.
Трејлерот за анимираниот филм „Сунѓер во бегство“ предизвика големо внимание, а ликот Кијану Ривс, кој со сјаен ореол ѕирка од жолтеникава грмушка, ги преплави социјалните мрежи.
Во филмот сунѓерот Боб тргнува во потрага по својот љубимец Гари, во што му помага неговиот најдобар пријател Патрик, а во таа авантура среќаваат многу необични ликови. Покрај останатите, Кијану Ривс во улога на мистичен жбун кој се тркала и кој им се претставува како Мудрец.
Улогата на Ривс во филмот фановите ја доживеаја како продолжение на неговата доминација годинава и во шега веќе ја прогласија за најдобра во неговата кариера. А во пакет со најавите за нов Матрикс, секако ќе биде интересно да го гледаме паралелно и во вакво откачено издание. Впрочем, таквата способност да се подбива на сопствена сметка е само еден доказ повеќе колку е кул.